Интерфест Битола
Од 1994 год. директор е Кирил Рибарски, а Милица Шперовик-Рибарски уметнички директор .Од 2000 до 2005 година Генерален спонзор на Фестивалот беше Кометал Трејд и Трифун Костовски кој во 2002 год. на градот Битола му подари концертно за пијано “Безендорфер Гранд Концерт 280”.
По својот ранг Фестивалот спаѓа во манифестации од национално значење.
Програмата е распоредена на единаесет фестивалски вечери и ја сочинуваат: 13-15 концерти и музичко- сценски приредби, 2-3 драмски претстави и една поетска вечер на која се претставуваат еминентни македонски поети. Битолскиот театар како врвен македонски драмски ансамбл традиционално учествува на секое фестивалско издание со своја премиера.

Comments
Post a Comment