Интерфест Битола
Интернационалниот фестивал на класична музика ИНТЕРФЕСТ-БИТОЛА кој традиционално се одржува од 02-12 октомври е основан во 1992 година . Иницијатор, основач и негов прв директор е Милица Шперовиќ-Рибарски, пијанист и професор на ФМУ Скопје. Соосновачи се: Кирил Рибарски, македонски тромбонист со светско реноме и Благој Стефановски, директор на Народен театар Битола. Од 1994 год. директор е Кирил Рибарски, а Милица Шперовик-Рибарски уметнички директор . Од 2000 до 2005 година Генерален спонзор на Фестивалот беше Кометал Трејд и Трифун Костовски кој во 2002 год. на градот Битола му подари концертно за пијано “Безендорфер Гранд Концерт 280”. По својот ранг Фестивалот спаѓа во манифестации од национално значење. Програмата е распоредена на единаесет фестивалски вечери и ја сочинуваат: 13-15 концерти и музичко- сценски приредби, 2-3 драмски претстави и една поетска вечер на која се претставуваат еминентни македонски поети. Битолскиот театар како врвен македонски...